ЦГК: Тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона изнесуваат 8,7 милиони евра
За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра, стои во анализата со база на податоци што ја подготви Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД)