Платформата за родова еднаквост повторно на марш на 8 март, очекуваат конкретни резултати и кривичен прогон за сторителите од случајот „Јавна соба“
Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организатори на протестите за случајот „Јавна соба“, денеска на прес-конференција најавија дека на 8 март повторно ќе одржат марш на кој ќе ги изнесат своите очекувања од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство