Законот за јазиците ќе стапи на сила и покрај тоа што претседателот на државата, Ѓорге Иванов одбива да го потпиша, ова во гостување на телевизија Телма вечерва го најави претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра. Според информациите на МВР, досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра.
Вечерва пред Собранието на Р. Македонија повеќе патриотски здруженија излегоа на протест, а нивните главни барања се преговорите за името и не донесување на законот за јазиците.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони.
За веме на инцидентот, Џафери, како што истакна, комуницирал со семејството, со медиумите, домашни и странски, како и со претставници од партијата.
Собранието на Република Македонија, со поддршка на Националниот демократски институт, од денеска воспоставува новина во однос на комуникацијата меѓу пратениците и членовите на Владата на Република Македонија.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери изрази задоволство од високиот процент на жени пратеници во македонското Собрание.
Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев.
Вкупно 736 лица завршиле со отслужувањето затворска казна, согласно Законот за амнестија. Со Законот се опфатени вкупно 2.345, од кои 576 се целосно ослободени бидејќи согласно законот казната им завршила, а 160 се ослободени согласно членот 206 од Законот за извршување санкциии.
Земјоделците да не очекуваат дополнителни средства за штетите од мразот, повеќе од предвидените десет отсто, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратенички прашања.