Прометот во индустријата, вкупно, во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, се зголемил за седум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Вкупниот обем на извозот на компаниите во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во 2022 година е 3,75 милијарди евра или за 26 отсто повеќе отколку во претходната 2021 година кога растот беше 14 отсто
Во ноември лани се издадени 354 одобренија за градење, што е за 12.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика
Во Технолошко-индустриската развоја зона во Штип ќе се отвори нова фабрика, инвестиција на компанијата „Магнамехатроникс“ која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) информира дека доделил благодарници за успешна соработка на амбасадите на Јапонија, на Народна Република Кина и на Босна и Херцеговина со кои во изминатиот период успешно реализирал заеднички активности и проекти
Ангеловска-Бежоска, како што информира Кабинетот на гувернерката, истакнала дека ризиците околу проекциите се нагорни и зависат од три клучни претпоставки: цените на примарните производи да се стабилизираат, застоите во синџирите на снабдување и натаму да се намалуваат и инфлациските очекувања да се стабилизираат
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека ако евентуално бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ не испорачува природен гас согласно Договорот, ќе биде активирана банкарската гаранција.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56 886, од кои 36.2 % се домашни, а 63.8 % странски туристи.
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации зголемувањето на минималната плата кое е најавено за март годинава
Како што истакна Ковачевски, сите напори на Владата беа насочени кон справување со енергетската криза и резултатите се веќе евидентни