Трошокот за пренос не смее да биде поголем од оној за струја, велат експертите по скандалозните сметки на ЕВН
Ако се гледа структурата на сумата која просечен граѓанин треба да ја плати за струја, може да се види дека на сметка од 3.150 денари, најголем дел или 48,6% отпаѓа на трошок за пренос и дистрибуција, 41% само за потрошената струја, 5% ДДВ и 5,8% за комунална такса за јавно осветлување.