Откако граѓаните добија енормно високи сметки за парно иако власта најави само 14% зголемување, РКЕ бара од БЕГ да ги сторнира сметките
Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски и додаде дека сметките се зголемени за 40-тина проценти