Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје
Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика