ЦИВИТАКС: Најавените „даночни реформи“ всушност и не се реформи бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи
Најавените „даночни реформи“, се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни, наведува Групата ЦИВИТАКС во денеска објавениот став за предложената даночна реформа