Владев: За само 100 дена во Свети Николе почната е реконструкција на училиштата, нови улици, бројни инфраструктурни проекти
Одлучно решивме да настапиме на чело на локалната самоуправа и да го смениме трендот на раководење кој се покажа како нефункционален, но и фатално штетен кон општината и граѓаните, изјави градоначалникот на општина Свети Николе - Дејан Владев, на денешниот настан во Велес „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“