Наредните денови пониски утрински температури, најстудено в петок
Врнежите што денеска ја зафатија земјава со помал интензитет ќе продолжат и преку ноќта, кога ќе завршуваат повлекувајќи се кон југ и исток. До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи