Повеќе од двојно е пониско нивото на Вардар на мерното место кај Јегуновце, додека на останатите три мерни места водостојот на реката е блиску до просечниот, покажуваат резултатите од последното мерење направено од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Културно-уметничкото друштво „Бранко Чајка" од Тетово заедно со Српскиот културно – информативен центар СПОН, вчера организираа хуманитарен концерт на кој настапи ансамблот „Косовски божур" од Србија.
Универзитетот „Св.Климент Охридски" (УКЛО)-Битола стана придружен член на Универзитетската агенција за Франкофонија (AUF) во која УКЛО членува од 2018 година.
– Подобрување на инфраструктурата во целата општина беше и продолжува да биде наш приоритет фокусирано како во претходниот, така и во новиот мандат, рече Димитриевски.
Со овој планинарски настан бројните учесници – планинари, денеска се потсетија и им оддатоа почит и сеќавање на трагично загинатите свои пријатели Калина и Александар кои пред четири години загинаа на планината Ниџе при искачување на врвот Кајмакчалан во соседна Грција.
На маршот учествуваа членови на планинарските друштва ДПС „Лисец” од Штип, „Бел Камен” од Радовиш и „Бела Екстреме” од Петрич, Р. Бугарија.
Почна дислокацијата на коритото на реката Брегалница, за да се санира мостот кај село Долни Балван, во општина Карбинци, што беше оштетен при ланските декемврски поплави.
Стабилизирањето на времето, со повремена облачност и услови за повремен дожд, ќе им овозможи на земјоделците и иднава недела да проодлжат со резидба на виновата лоза и овошките.
Како во најубавите приказни, најновата планинарска авантура започна со кукурикањето на петелот од блиската фарма на висорамнината Витачево.
Во Скопје претпладне облачно, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.