Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови
Најстудено утрово е во Берово каде што температурата е 7 степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури во 7.30 часот се измерени и во Маврово (-6), Битола (-5), Крива Паланка, Тетово и Струмица (-4), Скопје-Петровец, Прилеп, Штип и Демир Капија (-3), Охрид, Куманово и Претор (-2) и Скопје-Зајчев Рид и Крушево (-1)