Бочварски: Гасификацијата и обиколницата во Ресен, ќе овозможат поголем развој на Преспа
Проектирањето на обиколницата во Ресен и гасоводниот крак од Битола до Охрид, преку Ресен се двата најзначајни инфраструктурни проекти за Преспанскиот регион на кои работи Министерството за транспорт и врски, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на Општина Ресен