Во велешката болница расте бројот на хоспитализирани и на кислородна поддршка
Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 78 пациенти, од кои 50 се потврдени позитивни, 19 сомнителни и девет пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.