„Музиката е мојот живот“, вели единствениот уличен свирач во Кичево
И во лето и во зима, наутро и навечер, единствениот уличен свирач во Кичево, Селаудин Абдулоски е присутен на најфреквентните места во градот. Иако свири на повеќе инструменти, а најдобро хармоника, сепак Селаудин минувачите низ Кичево ги развеселува со својот кавал, а неговиот репертоар е многу широк и не постои песна која тој не знае да ја засвири