Во Кичево и околината од почетокот на годината регистрирани 55 случаи на каснувања од кучиња скитници
Покрај проблемите што ги создава пандемијата со Ковид 19 и невработеноста, за граѓаните на Кичево голем проблем преставуваат и кучињата скитници , кои секојдневно им го загорчуваат животот на граѓаните од сите возрасти и од обата пола. Речиси нема ден без кучешки напад, а има денови со по 2-3 случаи