Коцевски: Состојбата со Ковид-19 во Велес не е алармантна но е посериозна од претходно
Оценката на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко, е дека таа е од средно висок ризик, не е алармантна, но посериозна од било кога претходно, информираше градоначалникот Аце Коцевски по денеска одржаната седница на Штабот.