Променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд
Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град