Променливо облачно денес, со краткотрајни локални дождови
Времето ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.