Георгиески: Младите од Охрид заслужуваат повеќе, да им се даде шанса
Младите охриѓани имаат капацитет да бидат носители на многу позитивни промени во нашиот град, тие се важен ресурс за иновации и развој. Нашата цел е да ги мотивираме да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина. Тоа денеска пред медиумите го порача Констатин Георгиески, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид.