Земјоделските површини и пасиштата намалени, производството зголемено
Државниот завод за статистика соопшти дека во 2018 година во споредба со 2017 година, земјоделските површини се намалени за 0,1 процент. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,3 проценти, кај овоштарниците за 1,7 и кај лозјата за 1,6. Намалување е забележано кај ливадите за 0,4 отсто и кај пасиштата за 0,5 проценти.