Привремено затворање на патот Качаник – граница со Македонија од денеска до 2 април
Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, во наредните пет дена привремено ќе биде затворан регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.