Преку програмата за Прекугранична соработка ќе се реновира Мултикултурниот центар во Кочани
Во наредниот период, преку Програмата за прекугранична соработка во Кочани ќе се реализира реконструкцијата на Мултикултурниот центар, објект што меѓу граѓаните е познат како Старо кино. Со претстојните градежни активности ќе се обезбеди техничко решение за негова хидроизолација, ќе се постави термоизолациска фасада и ќе се изврши внатрешно уредување.