Општина Струмица промовирана на меѓународен саем за туризам во Барселона
Општина Струмица, во заедничка соработка со општина Струга, како партнери во спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“-ToCulter, од 22 до 24 овој месец, учествуваше на една од најголемите меѓународни изложби за туризам во светот-Меѓународниот саем за туризам „Б-Травел 2019“ во Барселона, Шпанија, информираат од општината