Најубавата глетка на Тиквешко Езеро
Полека! Внимателно! Фати се за карпата, па за дрвцето, држи се цврсто, сега полека придвижи се! Пази, затоа што се лизга… Не гледај надолу, за да не те обземе страв! Вака приближно гласеше инструкцијата од поискусните планинари, додека се качував по карпестиот дел, за да ја доживеам најубавата глетка на целото Тиквешко Езеро.