Одбележан патронот на црквата „Света Петка“ во Дебар, верниците се поклонија пред моштите на светителката
Во присуство на верници од градот и од долнореканските села, денеска беше одбележан патронот на црквата „Света Петка“ во Дебар, а верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на светителката кои беа поставени уште на Утрената богослужба, а се чуваат во манастирот Пречиста, Кичевско.