Спасовски наместо да пушти хеликоптер за некој од скоро 4.000 починати од КОВИД 19, кои ја изгубија битката со оваа болест, често и заради задоцнето примање во болница, тој го претвори хеликоптерот од МВР во такси на Заев.
Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците.
Денес остварив средба со претставници од иницијативата „Не отворам врата“ со кои разговаравме за актуелната политичка состојба во државата, но и ги запознав со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот.
Поразителните резултати не дојдоа преку ноќ, значи тие се резултат на алчноста за пари и провизии.
Вчера во денот кога починаа 50 наши сограѓани од КОВИД-19, Заев и Филипче летаа со хеликоптер. Доколку наместо за Заев и Филипче хеликоптер се пуштеше за некој од нив, може ќе беа денес живи.
Неодговорната, неспособната и најкриминалната влада во Европа предводена од Заев и СДСМ повторно, во само еден ден, ја задолжија Република Македонија за вртоглава сума од 116,5 милиони евра.
Ковачки нагласи дека власта тотално потфрлила со справување со пандемијата, додавајќи дека ова се темели и на фактот што наместо вакцинацијата да започне, власта постојано го пролонгирала терминот за масовна вакцинација, што според него претставува неодговорно и несериозно.
Хибридниот режим за кој што пишуваше Економист е во полн сјај. Заев вршел притисоци врз правосудството и новинарите потврдуваат извештаите на Стејт Департментот, Заев е потонат во криминал.
Расте бројот на починати и заразени од ковид, ама расте и хациендата на Филипче. Неспособната власт се фрлила на луксуз и градење на хациенди, додека народ умира. Додека десетици илјади македонски граѓани се вакцинираат во Србија, Венко Филипче е преокупиран со изградбата на хациендата на Водно.
Претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски обраќајќи се од протестот пред Министерството за здравство насловен „Здравје, а не провизија“, го искажа разочарувањето и незадоволството од Влада поради тоа што таа не се справува како што треба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.