Мицкоски: Заев треба да знае дека попис на сила значи неконструктивна опозиција и политичка криза во Македонија
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, нагласи дека здравјето нема цена и дека закани со казни доколку некој граѓани одбие да се попише се глупости, односно како што рече тој тоа ништо не важи, нека не се плашат, ниту некој може да ги казни, ниту пак некој ќе ги казни.