Арсовски: СДСМ можеа да изгласаат помош на стопанството кога гласаа доверба, одолговлекуваат затоа што Буџетот е празен
Одговорајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на власта дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги кочи законите и работата на Собранието вклучително највеќе донесувањето на петтиот сет економски мерки, портпаролот на партијата Димче Арсовски вели дека станува збор за класична манипулација од страна на власта.