Возач удрил 21 годишна девојка на пешачки во Струмица па избегал од местото на настанот
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека возилото го напуштило местото на несреќата, а девојката е пренесена во струмичката болница. Оттаму заради сериозноста на повредите е префрлена на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.