Претрес во кичевско, приведено едно лице за недозволено поседување оружје
Денеска (06.04.2021) во 13.30 во с.Букојчани, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Џ.Ј.(54) од с.Букојчани зато што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „ИЗ 18“ од руско производство, која ја поседувал без дозвола.