Приведено лице барано по потерница
Денеска (30.03.2021) во 13.00 часот на ул. „Бледски договор" во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги и од ЕВР - Карпош, врз основа на судска наредба, ја привеле М.Л.(37) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик