ОЈО: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство кај Шишево
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице обвинето за убиство и обид за убиство, кое на 2 март минатата година со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот, на локалниот пат меѓу селата Шишево и Глумово