Основниот суд во Куманово донесе седум пресуди за непочитување на здравствени прописи
Основниот суд во Куманово завчера донесе пресуди за две, а вчера за уште пет лица, бидејќи не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија, соопшти денеска Судот. Едниот не се самоизолирал, а останатите шестмина не ја почитувале забраната за движење.