Одреден притвор за 22-годишник од Студеничани, осомничен за насилство
МВР информира дека, по преземени мерки и активности, на 19 ноември, во 19.00 часот на ул. „Филип Втори“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит пазар го лишиле од слобода М.Ј.(22) од с. Студеничани, Скопско, затоа што во 01.20 часот во угостителски објект на бул. „Партизански одреди“ со остар предмет му нанел повреди на скопјанецот Д.А.