Лула: Политичарите треба да се подготват за политичко насилство, по неуспешниот атентат врз аргентинската потпретседателка Киршнер
Фаворитот на октомвриските претседателски избори во Бразил, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, изјави дека политичарите треба да бидат подготвени да се соочат со клима на насилство, еден ден по неуспешниот обид за атентат врз аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер