Истанбулскиот суд денеска треба да решава по барањето на Обвинителството за запирање на процесите што се водат против обвинетите во случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, како и целиот предмет да им го предадат на судовите во Саудиска Арабија
Јеменскиот претседател Абдрабу Мансур Хади предаде големи овластувања на лидерскиот совет, тело формирано за да изнајде политички решение за долгогодишниот конфликт во земјата
Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернигов, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си
Вкупно единаесет тела се пронајдени во гаража во киевското предградие Хостомел, објави весникот „Украинска правда“ доцна синоќа
Најмалку 5.000 цивили загинаа во руските бомбардирања во југоисточниот украински град Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за време на тркалезната маса што се емитуваше во живо на Фејсбук
Москва нема да ја избегне одговорноста за големиот број Украинци убиени во војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, при своето полноќно видео обраќање
Најмалку 5.000 цивили загинаа во руските бомбардирања во југоисточниот украински град Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за време на тркалезната маса што се емитуваше денеска во живо на Фејсбук.
Ако цела Европа се откаже од рускиот гас, тогаш Русија ќе го продаде на други земји, изјави во интервју за францускиот телевизиски канал ЛЦИ портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Пентагон потврди дека САД обучуваат украински воен персонал за ракување со „Свичблејд“, оперативен тактички систем што испушта дронови со експлозив.
Украинска база за складирање гориво во регионот на Харков е уништена од руски ракети, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.