Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 100.000 луѓе во Мариупол се без храна, вода и лекови.
Европска Унија силно ја осуди новата пресуда против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални од девет години затвор, оценувајќи ја како политички мотивирана.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе има виртуелно обраќање на Самитот на НАТО, што ќе се одржи в четврток во Брисел, изјави неименуван извор на Алијансата.
Општина Мариупол соопшти дека градот денеска бил погоден од две „супермоќни бомби“, но не наведе дали има жртви.
Американската министерка за енергетика Џенифер Гринхолм денеска изјави дека САД работат на зголемување на производството на нафта и извоз на „секоја молекула“ течен природен гас во Европа со цел да се намали зависноста на европските земји од руската енергија.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД забележале индиции дека Украинците започнале контранапад.
Нема на повидок договор за прекин на огнот во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата по денешниот телефонски разговор на францускиот и рускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин.
На Твитер се појавија видео на кои наводно се снимени воздушните напади врз источниот украински град Краматорск.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.