САД испраќаат советски ПВ ракетни системи на украинската армија, кои тајно ги набавија пред неколку децении, но им се доволно познати на Украинците за веднаш да ги користат, објави Волстрит журнал
Европската комисија продолжува со плановите за обезбедување задолжителни резерви на гас, осмислени за да се стави крај на зависноста на Европската унија од руските фосилни горива
Врховната рада на Украина предупреди дека на територијата на Чернобил алтивни се најмалку седум различни пожари
Украинската армија денеска соопшти дека населението треба да биде подготвено за неселективно руско гранатирање на виталната цивилна инфраструктура
По падот на авионот на кинеската авиокомпанија Чајна Истерн Ерлајнс, во кој имаше 132 лица, не се пронајдени преживеани, а потрагата продолжува денеска, јави кинеската државна телевизија
Генералното собрание на ОН треба да се состане в среда во обид да се договори и изгласа нова резолуција за војната на Русија против Украина
Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден, не наведувајќи никакви докази
Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти околу спорните Курилски Oстрови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика реакција од Јапонија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за украинскиот радиодифузер Суспилне инсистираше на средба „во кој било облик“ со рускиот претседател Владимир Путин за „запирање на војната“ во Украина
Украинските медиуми објавија дека во Чернихив, град во северна Украина, руските сили привеле пет локални функционери.