Цените на нафтата повторно се зголемија во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува Си-Ен-Би-Си
Се очекува денеска да се сретнат делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, јави ДПА. Двата преговарачки тима сакаат дискусиите, што ќе се водат преку видео врска, да започнат утрово
Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека во моментов мала е надежта дека преговорите би можеле да донесат окончување на војната во Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден в петок ќе отпатува за Полска на разговори со полскиот претседател Анджеј Дуда посветени на украинската криза, соопштои Белата куќа
Руското Министерство за одбрана постави рок до 5 часот наутро за да се предаде градoт Мариупол. Украина брзо го отфрли предлогот – заменик-премиерката Ирина Верешчук нагласи дека „не може да има предавање“
Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим
Шефот на рускиот центар за управување со одбраната Михаил Мизинцев изјави дека руските сили ќе им дадат можност на националистите денеска да го напуштат Мариупол без оружје преку хуманитарните коридори од 10 до 12 часот по московско време
Војна. Инфлација. И сега, дежа ву – „заклучување“ поради Ковид во Кина. Тоа е совршена бура за глобалниот синџир на снабдување – како стоките и материјалите доаѓаат од другите земји до нас.
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 20 беа повредени кога автомобил влета во толпа посетители на карневал во мало гратче во јужна Белгија.