Хоспитализирани 12 патници од летот Дубаи - Њујорк кој беше ставен во карантин
Дванаесет патници од авионот што денеска беше ставен во карантин на аеродром Џон Фицџералд Кенеди во Њујорк биле хоспитализирани поради сериозноста на здравствените симптоми на кои се пожалиле. Околу стотина од вкупно 500 патници во авионот на компанијата Емиратс што слета во Њујорк од Дубаи имале симптоми на кашлица и треска со повишена температура, што предизвика сериозна загриженост на прометниот аеродром.