Во објава на неговата страница на Фејсбук, Мехај ги повика НАТО, Европската унија и Оргнизацијата на обединетите нации „максимално сериозно да го имаат предвид деструктивното и опасно однесување на Србија“.
Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа сопственикот на „Тв Ора“ Или Ндроќи, како и поранешниот пратеник на ПДИУ (партија на Чамите), Аќиф Ракипи.
Според косовскиот дипломат, процесите на зачленување во НАТО, во Советот на Европа и во Европската унија треба да претставуваат континуитет во политиката на Владата на Албин Курти, „а не момент кој треба да се искористи за извлекување корист“.
Цените на бензинот во Босна и Херцеговина се зголемија за 21,7 отсто во тримесечниот период, за што властите како причина ја посочија војната во Украина.
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на седницата на Народното собрание на Република Српска потврди дека Велика Британија вовела санкции против него и претседателката на Српска, Жељка Цвијановиќ, наведувајќи дека „тоа е смешно“
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и порача на Србија дека е време да се усогласи со надворешната политика на Европската унија
Велика Британија денеска објави дека воведува санкции за лидерите на босанските Срби Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ поради обидот да го поткопаат легитимитетот на Босна и Херцеговина
Актуелниот словенечки премиер Јанез Јанша и новиот кандидат за премиер Роберт Голоб се во „тесна трка“ две недели пред парламентарните избори, покажуваат анкетите
Според неодамна објавениот економски извештај на Светска банка, економскиот раст во Србија годинава ќе биде 3,2 отсто, а не 4,5 отсто
Хрватска протера 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал, соопшти денеска Министерството за надворешни работи и европски работи