Курти: Путин може да ја прошири војната од Украина на Западен Балкан
Косовскиот премиер, Албин Курти, вели дека рускиот претседател, Владимир Путин, може војната што ја води во Украина да ја прошири и на други простори, при што голема опасност од отворање ново жариште му се заканува на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.