Ховениер со челниците на стопанските комори на Косово и Србија за подобрување на соработката на бизнисите меѓу двете земји
Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер се сретнал денеска со претседателите на стопанските комори на Косово и Србија, Љуљзим Рафуна и Марко Чадеж, со кои разговарал за начините за подобрување на соработката меѓу бизниси на две земји, јави дописникот на МИА од Приштина.