Србија и натаму има најголема инфлација во регионот
Србија и натаму е рекордер во регионот по годишна стапка на инфлација. Според последните податоци објавени во земјите од регионот, Србија е на прво место со годишна инфлација во февруари од 6,4 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.