На меѓународниот аеродром во Атина е уапсен Парагваец, кој голтнал 64 пакетчиња со кокаин, соопшти денеска грчкото електронско издание Њуз 247, пренесува БТА.
Мажот (35), кој бил уапсен во средата, се обидел да влезе во Грција со лет од Цирих. Од полицијата велат дека вкупната количина кокаин била близу еден килограм. Парагваецот во себе имал и 1.200 долари.
Проверката на полицијата утврдила дека мажот е дел од голема криминална група за трговија со дрога од Латинска Америка кон Грција.