Пендаровски: Одливот на мозоци е процес којшто не може целосно да биде запрен, но мора да се работи да се намали тој процес
Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на онлајн-дебата на тема „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“, во организација на Европската младинска мрежа за демократија, а во рамки на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование и Меѓународниот републикански институт.