Вчера во 06:30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш, откако таа на улица „Самоилова“ во Радовиш предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, соопштија денеска од МВР. По преземени мерки било утврдено дека таа возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта.

Како што се наведува во информацијата на полицијата, Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, а по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.