Деми Мур е најубавата позната личност за 2025 година, според „Пипл“
Најубавата позната личност за оваа година, според американското списание „Пипл“ (People), е глумицата Деми Мур. По успехот на хорор-филмот „Супстанција“ (The Substance), во којшто глуми жена опседната со „вечна младост“, но на крајот ја прифаќа и ѝ се радува на реалноста, Деми појасни што значи убавината денес, според неа.