Женско лице паднало кај охридската населба Канео.

Станува збор за повозрасна жена, туристка од Јапонија, која паднала на скалите кај црквата „Свети Јован Канео“, при што се здобила со полесни телесни повреди.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ја потврди информацијата, посочувајќи дека веднаш по дојавата за случајот на самото место биле испратени полициска и екипа на Службата за итна медицинска помош. Жената која била во бесознание била згрижена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, каде по укажаната медицинска помош ги повратила нормалните животни функции и е во стабилна состојба.

Според неговите зборови, увидот на местото на несреќата укажува дека нема траги на насилство, односно дека се работи за несреќен случај.